Украдена градска елка во Германија

Непознати арамии ја украле новогодишната елка на градската противпожарна служба во град во западна Германија. Елката ја однеле заедно со светлосните лампиони и украси, соопштила полицијата на Мајан.

Службите навеле дека кражбата се случила во раните утрински часови во средата. Крадците ги исекле каблите на лампиони и ја однеле елката висока четири метри. Елката стоела пред противпожарната служба во Бело, место со околу 1.500 жители.

Имајќи ја предвид големината на елката, полицијата верува дека повеќе лица учествувале во кражбата, пренесува „Асошиејтед прес“. Полицијата повикала неколку сведоци за кои верува дека можат да помогнат во истрагата.

 

Scroll to Top