Украинка на Гинекологија во Чаир се породи со ќерка

Во средата на Гинекологија во Чаир се породи родилка од Украина со женско дете, објави министерот за здравство, Беким Сали.

„Оксана од Украина донесе на свет девојче тешко 3.890 кг и долго 54 см. Мајката Оксана и новороденчето се во добра состојба. За нив се грижи тимот од гинеколози, педијатри и медицински сестри. Во разговор таа ме извести дека е задоволна од здравствената услуга и дека се чувствува добро. Ѝ посакав добро здравје и многу среќни моменти“, напиша министерот за здравство.

Scroll to Top