Уметник го „оживеа“ Хомер Симпсон

Уметникот Мигел Васкез направи од цртаниот лик Хомер Симпсон реална личност. Мигел го претстави јунакот од култниот цртан како жив и на публиката и покажа како би изгледал кога би живеел во реалноста.

Уметникот Мигел Васкез направи од цртаниот лик Хомер Симпсон реална личност. Мигел го претстави јунакот од култниот цртан како жив и на публиката ѝ покажа како би изгледал кога би живеел во реалноста.

Според Мигел, Хомер во реалниот живот би имал големи крвави испакнати очи, широка насмевка, неговата препознатлива брада, малите и ситни уши и она малку коса што ја има.

Повеќето од нив се согласни дека делото на овој уметник е неверојатно, но има и такви кои се пожалија поради страшното лице и немирните ноќи кои сега овој лик им ги задава.

„Супер, сега се плашам од Хомер Симпсон“, „Ова ужасно ме вознемири“, „Ќе имам кошмари“, се само дел од коментарите на твитерџиите.

Хомер на телевизиските екрани се нема променето во овие 29 години. Голем број фанови се задоволни и среќни поради тоа.

Scroll to Top