Унгарија за првпат доби жена за претседател

Парламентот на Унгарија денес за првпат во историјата избра жена за претседател на земјата. Каталин Новак од владејачката партија Фидес стана новиот шеф на државата. Таа стана првата жена во историјата на оваа земја која е избрана на оваа функција.

Нејзиниот мандат ќе трае пет години, а Новак за време на гласањето во парламентот го победи економистот Питер Рон, пренесе „Ројтерс“.

Четириесет и четиригодишната Новак досега се наоѓаше на местото министер без ресор задолжен за семејни прашања. Должноста претседател ќе ја преземе од актуелниот претседател Јанош Адер. Новак освои 137 од гласовите додека опозициониот канидат доби само 51 глас.

Пред гласањето таа во својот говор рече дека ќе го брани уставот кој го изработил и одобрил Фидес, кој, како што пренесе „Ројтерс“, само ги зацврстил клучните точки на конзервативната агенда на Виткор Орбан.

 

 

 

Scroll to Top