Ураганот Лесли и се заканува на Европа

Ураганот Лесли брзо напредува преку источниот Атлантик кон Шпанија и Португалија, каде, според прогнозите ќе стигне ноќта меѓу саботата и неделата.

Лесли е лоциран на околу 400 километри јужно од Азорските острови во Португалија. Лесли бурата е од прва категорија, носи ветришта кои дуваат со брзина од околу 185 километри на час.

Последните ажурирања на информации ги пренесува американскиот Национален центар за урагани, од каде предупредија дека Португалија и Шпанија се први на удар на бурата Лесли.

Предупредувањето за тропската бура е издадено во петокот на португалскиот остров Мадеира, а нејзиното минување на северната страна од островот се очекува да се случи вечерва. Потоа бурата продолжува да се движи кон југозападниот дел на Иберискиот полуостров.

 

 

Scroll to Top