Најпопуларниот и најпродаван британски женски гудачки бенд „Бонд“ ќе одржи уште два концерта во Скопје. Откако првиот концерт, закажан за 20 март, беше распродаден за неколку дена, организаторите „Авалон продукција“ најавија дека во Македонската филхармонија ќе има концерти и на 21 и 22 март.
Влезниците за вториот и третиот концерт на „Бонд“ ќе бидат пуштени во продажба утре наутро и тоа во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по цена од 1.990 денари, односно 2.990 денари.