Уште еден италијански град продава куќи за цена од едно евро

По градот Мусомели, властите во уште еден италијански град решија да ги продадат куќите за цена од едно евро. Станува збор за сицилијанската Бивона. Овој град во 2009 година имал околу 4000 жители, но од тогаш бројката на население е во постојан пад.

„Во последните 40 години бројката на население се преполови. Сега во градот останаа само 3800 жители“, изјавила Ангела Каницаро, советничка за кулутра во градот.

Сепак оние кои ќе се решат да ги купат куќите за минимална цена се обврзани прво да го исплатат депозитот од околу 2400 евра, а во период од четири години куќите ќе мораат и да ги обноват.

Сите кои се подготвени да вложат во овие куќи, властите им нудат пакет даночни олеснувања.

„Сакаме на нашето место да му ја вратиме целата величественост од добата на Ренесансата, кога на ова место живееле 8000 луѓе“, изјавила советничката за култура.

Од десетина куќи, колку што ги има во понудата, некои се во многу лоша состојба.

„Реновирањето може да почне година дена откако ќе се добие целата потребна градежна дозвола, а мора да се заврши во наредните три години. Ќе има олеснување за оние кои тука ќе се преселат“, навела Каницаро.

Недалеку од ова место, градот Мусомели нудел 500 куќи за цена од едно евро. Едни од првите купци била фрацуската двојка Гијо. Морган Гијо и нејзиниот сопруг за оваа понуда слушнале во медиумите, но не знаеле дека со самото купување, ја земале и обврската дека треба да ја реновираат куќата.

„Иако на почетокот не знаевме дека недвижнината моравме да ја обновиме, тоа не ни сметаше. И двајцата сме уметници и се занимаваме со реставрација, па повеќето од работата ќе ја завршиме самите“, изјавила Морган.

Куќата засега ја користат исклучиво за годишни одмори, но велат дека во процесот на купување немале никакви проблеми.

Scroll to Top