Уште еден службеник на Белата куќа ја напишти администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп по обвинувањата за злоставување.
Портпаролката на Белата куќа Раџ Шах, потврди дека Дејвид Соренсен поднел оставка поради тоа што Белата куќа дознала за обвинувањата на негова сметка.
Шах изјавила дека Соренсен ги негира обвинувањата, за кои американските медиуми претходно пишувале.
Неговата поранешна сопруга тврди дека тој бил насилен и дека емоционално ја злоставувал во текот на нивниот краток брак.
Претходно секретарот на Белата куќа Роб Портер, еден од најблиските соработници на претседателот на САД, во средата поднесе оставка после обвинувањата дека ги злоставувал двете поранешни сопруги. Тој исто така ги негираше обвинувањата.