Магазинот „Варајати“ ја објави листата со десетте најлоши филмови во 2020 година, а на првото место се наоѓа филмот Dolittle со Роберт Дауни Јуниор. По него следуваат The Last Thing He Wanted и I’m Thinking of Ending Things.
На четвртото место е Еurovision Song Contest: The Story of Fire Saga, па Guest of Honour. Шести е еротскиот трилер 365 days, кој беше еден од најгледаните изминатата пролет, а седми е Capone.
Последни три филма на листата се The Roads Not Taken, Artemis Fowl и The Painted Bird.