Четворица археолози аматери откриле повеќе од 550 златни и сребрени монети во Бакингемшир. Меѓу монетите имало и 12 ретки златници кои датираат од 14 век. Археолозите веруваат дека оваа ризница ја закопал некој богат човек пред повеќе од 600 години. Арехолозите го откриле богатството со помош на детектор за метал.
Парите сега се чуваат во музеј, каде треба да се процени нивната вредност, а потао ќе бидат продадени додека добивката ќе биде поделена меѓу пронаоѓачите и сопственикот на земјата.
„Целата работа ни се виде нереална. Кога ги најдовме монетите и го расчистивме подрачјето, моравме да пребараме двојно повеќе подрачја, затоа што постојано наоѓавме нови и нови монети. Беше вистинско чудо, за секој од нас“, изјавил Матеуш Новак.
Неговиот брат Тобајас додал дека тоа бил нивниот најдобар викенд во нивните животи и дека ова откритие ќе го памети засекогаш. Во период од 4 дена, пронашле 557 монети на едно поле. Иако на почетокот најмногу што очекувале е дека ќе најдат 13 монети, уште во самиот прв ден пронашле 276 сребреници и 9 златници.
„Мавтав со детекторот кога на екранот се појави бројот 16 кој укажува на искована сребрена монета. Следниот сигнал кој го добив беше бројот 21. Звукот целосно стана поинаков од останатите сигнали. Почнав да викам, злато, злато!“, изјавил Ендру Винтер.
Експертите анализирале 545 монети кои вреадт меѓу 20 и 50 фунти, секоја од нив. Сепак оние ретките стигнуваат и до вредност од 500 фунти. Златниците вредат и до 10.000 фунти секоја од нив. Овој пронајдок е најголем по 2007 година, која во близина на Хаогејт, биле пронајдени 617 монети од 10 век.