(Видео) Американец остана без своето бебе, откако возот тргнал без него

Американските медиуми деновиве известија за Американецот кој останал без своето бебе откако претходно го оставил во воз.

Немилиот настан се случил на железничка станица во Кливленд на 12 јануари, но медиумите известуваат сега, откако на социјалните мрежи се појавила снимка од безбедносните камери кои го снимиле инцидентот.

По брзата интервенција на службите, бебето било брзо вратено на родителот. Тој изјавил дека бил шокиран кога забележал дека возот тргнал без него.

Службениците објасниле дека на крајот бебето било предадено без никакви повреди.

Scroll to Top