Судијата Џејмс Риц од сојузната држава Њујорк починал од срцев удар, за време на судски процес. Судијата од Окружниот суд во Путнам, во петокот ја прочитал пресудата за еден случај кога нагло му се слошило.
„Сакавме да преминеме на следниот случај, а Риц го повикал судскиот службеник и побарал помош“, изјавила Мери Елен Одл, извршната директорка од округот Путнам за „Си-Ен-Ен“.
Риц многу брзо потоа ја изгубил совеста, а службеникот се обидел да го оживее. Наскоро стигнала и итната помош, која го пренела Риц во болница, каде лекарите по 30 минути го прогласиле за мртов. Риц имал 57 години.
Тој работел во округот Путнам од 2007 година. Претходно имал своја приватна пракса. Бил познат по својата програма за рехабилитација, која на зависниците, кој направиле злостор, им овозможувало лечење без издржување затворска казна.