Американците и понатаму пијат избелувач како лек против коронавирусот, пишуваат американските медиуми. Властите во Џорџија морале да превземам драстични мерки, со цел да ги спречат граѓаните да ги конзумираат овие течности, поради нивното штетно влијание.
И покрај повеќемесечните предупредувања дека не се безбедни, некои Американци и понатаму се обидуваат самостојно да се излечат од коронавирус, пиејќи ги производите за избелување, што ги навело властите во Џорџија да испратат предупредувања дека тоа би можело да биде кобно.
Министерството за јавно здравје на Џорџија, упати предупредувања да не се конзумира хлордиоксид, производ за белење. Гувернерот Брајан Кемп, е известен дека одделението прима извештаи за лица кои користеле хлордиоксид, за лечење на Ковид 19.
ФДА од април предупреди на опасноста од употребата на производ од хлордиоксид, како третман за Ковид 19. Хлордиоксид може да предизвика респираторни инсуфицијенции, како што е откажување на црниот дроб, абнромални срцеви ритмови и други потенцијално опасни состојби.
„Се покажало дека производите од хлордиоксид не се сигурни и ефикасни за било која употреба, вклучувајќи го и лечењето на Ковид 19“, изјавиле од Одделението за јавно здравје на Џорџија.
„Хлордиоксидот е активна состојка кај дезинфекциите и има дополнителна индустриска употреба. Тоа не е наменето за луѓето да го конзумираат“, дополнуваат од таму.
Користењето на домашните дезинфекциски средства за лечење на Ковид 19, стана загрижувачко прашање за време на пандемијата на коронавирусот.
И самиот претседател Доналд Трамп не помогна во спрчеувањето, откако даде изјава дека истите производи, можат да помогнат при лечењето на Ковид 19.
Едно семејство од Флорида, сега се соочува со федерални обвиненија, откако обвинителите изјавиле дека тие продале десетина илјади шишиња од брендот Miracle Mineral Solution, токсично белило кое на пазарот може да се најде како лек за Ковид 19.