Ангела Меркел повторно се тресеше на јавна сцена, третпат за помалку од месец дена. Германската канцеларка го сврте вниманието кон себе за време на приемот на поранешниот финскиот политичар Анти Рине во Берлин.
Канцеларката почнала да се тресе додека ја следела почесната стража во чест на пристигнувањето на Рине. Канцеларката двапати беше забележана како се тресе, па јавноста сериозно беше загрижена за нејзиното здравје.
Првиот пат немилиот настан се случи на 18 јуни, додека Меркел го чекаше новоизбраниот украински претседател Владимир Зеленски. Канцеларката тогаш ја смири јавноста велејќи дека тоа било поради дехидрација.
Вториот пат Меркел се тресеше на 27 јуни кога присуствуваше на официјалната церемонија во Берлин. Поради нарушената здравствена состојба на Меркел, во јавноста голем број заговорници се прашуваа што се случува со германската канцеларка и од што таа боледува.
#Merkel zittert ein drittes Mal heute beim Empfang des Ministerpräsidenten Antti Rinne. Vielleicht sollte sie sich wirklich mal ernsthaft durchchecken lassen. Das hat nichts mit Schwäche zeigen zu tun! pic.twitter.com/wAcgCwqXRc
— Basti (@djcooky78) July 10, 2019