Израелските археолози при ископувањата во градот Јавне пронашле недопрено јајце од кокшка за кое тврдат дека е старо околу 1.000 години. Доколку се потврди нивната теорија, ова ќе биде едно од најстарите во светот, објави Израелскиот институт за антиквитети (ИАА).
„Ова е многу ретко откритие во Израел и во светот. Пронаоѓањето фрагменти од лушпи од јајца е секогаш интересно откритие кога работиме на ископувањата, но тоа е релативно вообичаено. Наоѓањето цело јајце е навистина уникатен феномен”, рекол д-р Ли Пери од ИАА, пишува „Jерусалим пост“.
Јајцето е пронајдено во област што датира од византискиот период, односно меѓу 4 до 7 век од нашата ера.
„Бидејќи пукна, повеќето од внатрешните содржини протекоа, но дел од жолчката беше зачуван, што ќе ни овозможи да истражуваме понатаму“, додала д-р Пери.