(Видео) Асфалтот во Британија ги голта возилата

Велика Британија би можела наскоро да достигне нови рекордни температури. Деновиве се забележани 32 степени, што е доволно да асфалтот почне да ги голта возилата.

Оваа земја е сред нејзиниот најдолг топлотен бран од 1976 година, а денеска е 12 ден по ред како температурите достигнуваат 29,1 степени. Експертите велат дека нема знаци за попуштање на температурите.

Ако живата достигне 33 степени, тоа ќе го прекине моменталниот рекорд за најтопол ден во 2018 година, кој е поставен на 28 јуни во Портмадог во северен Велс.

Колку овие температури се високи покажува примерот од западен Беркшир, каде камон од градското комунално претпријатие, пропаднал во асфалтот под него.

Работниците излетале во стаклото, во моментите кога каминот изненадувачки застанал и пропаднал.

Scroll to Top