(Видео) Авион ја промаши пистата и слета во море

Патнички авион  на „Ер Ниугини“ од Папуа Нова Гвинеја слетал во море покрај меѓународниот аеродром Чук во Микронезија откако ја промашил пистата, пренесува „Би-би-си“. Според официјалните служби на аеродромот, никој од 35-те патници и 12-те члена на екипажот на авионот не е сериозно повреден. Причината за несреќата не е позната, а властите наскоро ќе покренат формална истрага.

„Авионот се урна во лагуната, на 160 метри од пистата. Засега не знаеме зошто се случи ова и ќе покренеме истрага што е можно поскоро. Аеродромот не е затворен и продолжува да работи“, рекол шефот на аеродромот Џими Емилио.

Авионот се урна за време на краткото запирање на островот Вено на пат од островот Понпеи во Микронезија кон Порт Морсби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја.

Scroll to Top