Пилот на мал авион „пајпер чироки“ слета на автопат кај Квебек сити во Канада, иако во тој момент минувале голем број автомобили, јавува канадски „Си-Би-Си“.
Пилотот „пајпер“ ги повикал противпожарните служби во Квебек сити и им кажал дека ќе слета на автопатот неколку километри од аеродромот.
„Првпат видов како авион слетува на автопат. Досега немам видено освен во филмовите“, изјавил за „Си-Би-Си“ Жан Пол Дост, кој спектакуларната слика ја следел од блискиот паркинг.
Авионот принудно морал да слета поради дефект, додека на автопатот поминувале десетина возила. За среќа никој не е повреден, пренесуваат медиумите.