Девојка била прегазена во кинеската провинција Џинагс, на прометната раскрсница во градот Лијанјунг. На снимката може да се забележи дека девојката прописно ја минувала улицата, а на неа налетал електричен автомобил.
Патниците од возилото веднаш излегле надвор во обид да ја извлечат.
Кога конечно успеале, возилото повторно почнало да се движи и ја прегазило девојката. Запрело во моментот кога удрило во соседната ограда покрај патот.
Како можни причини се наведуваат дека внуката на возачот случајно повторно го ставила возилото во движење, или, пак, сопирачките целосно откажале.
Полицијата засега, како што пишуваат медиумите, нема излезено со официјално соопштение.