(видео) Автомобил двапати ја прегазил на пешачки

By

Девојка била прегазена во кинеската провинција Џинагс, на прометната раскрсница во градот Лијанјунг. На снимката може да се забележи дека девојката прописно ја минувала улицата, а на неа налетал електричен автомобил.

dobivaj vesti na viber

Патниците од возилото веднаш излегле надвор во обид да ја извлечат.

Кога конечно успеале, возилото повторно почнало да се движи и ја прегазило девојката. Запрело во моментот кога удрило во соседната ограда покрај патот.

Како можни причини се наведуваат дека  внуката на возачот случајно повторно го ставила возилото во движење, или, пак, сопирачките целосно откажале.

Полицијата засега, како што пишуваат медиумите, нема излезено со официјално соопштение.

Ќе ви се допадне