(Видео) Автомобилот го допре хотелот, па зградата за миг се сруши

Најмалку девет лица загинале а повеќе од десетина се повредени, кога во градот Индоре, во индиската држава Мадхја Прадеш, се срушил трошна зграда на четрикатен хотел.

Бизарната несреќа била снимена од безбедносна камера. Убаво се гледа како возилото удира во хотелот и како тој почнува да се распаѓа.

Официјалниот претставник на полицијата Санџу Камле изјавил дека 10 луѓе се спасени под рушевините, но акцијата за спасување и понатаму трае. Индоре се наоѓа на околу 900 километри јужно од Њу Делхи.

Во август 2017 година, 33 лица загинале кога во Мумбау се срушила стамбена зграда.

 

Scroll to Top