(Видео) Баба секој ден пешачи по 40 километри и разнесува пошта низ планинските села

Осумдесет и тригодишната Русинка Екатерина Џалева веќе педесет години ја разнесува поштата низ планинските места во Северна Осетија. Таа секојдневно пешачи повеќе од 40 километри и им ги доставува писмата на жителите во три села.

„Се случува луѓето на патот да застанат и да ме земат со нивните возила и да ме однесат на крајната дестинација. Повеќето луѓе ме знаат и секогаш се љубезни кон мене. Платата не ми е голема, но ми помага да преживеам. Полесно ми е кога работам со луѓе. Животот отсекогаш ми беше тежок без работа, но сега кога сум постојано со луѓе, многу ми е полесно и поубаво“, вели Екатерина.

Уште од дете нејзина желба била да биде поштар. Екатерина вели дека инспирација добила од локалниот поштар ко носел вести на фронтот за време на Втората светска војна.

Scroll to Top