(Видео) Банкари го прифатија предизвикот да танцуваат на Jerusalema среде Скопје

Дваесетина банкари од Скопје се снимија како танцуваат во центарот на градот на хитот Jerusalema. Танцувањето на Jerusalema, стана еден од најпознатите и најинтересни предизвици кој се шири по социјалните мрежи, за време на пандемијата со коронавирус.

Популарната песна за кратко време стана голем хит и беше прифатена од млиони фанови ширум светот.  Луѓето правеа различни видеа во групи или индивидуално и ги објавуваа на различни платформи за социјални медиуми.

Песната е на диџеј од Јужна Африка, кој ја објави во 2020 година.

Scroll to Top