Седумесечно момче се наоѓа на интезивна нега кога за малку ќе се удавело во базен во кое минало 46 секунди под вода. Персоналот на почетокот не го забележал, но сепак во последен момент успеале да го спасат.
Овој ужасен инцидент се случил во североисточната кинеска провинција на 17 мај, пренесува Дејли Мејл.
На снимката се гледаат две бебиња како пливаат во малиот базен со помош на гуми.
Во еден момент гумата на едно од момчињата се превртела наопаку, а бебето завршило со главата во водата и со нозете нагоре.
Седумесечното момче на крајот успеало да се извлече од гумата, но тогаш целото тело му се нашло под вода. На снимката се гледа како момчето цело време се бори, а персоналот од базенот бил несвесен за тоа каква драма се одвивала околу него.
Кинеските медиуми пренеле дека бебето било под вода дури 46 секунди пред надлежните да забележат што се случило и го извадиле од базенот.