(Видео) Белата куќа под снег, врнежи низ повеќе градови во САД

Поради силните снежни бури што го погодија средишниот и источниот дел на САД, затворени се голем број училишта, а сообраќајот во одредени делови се одвива отежнато.

Агенциите пренесуваат дека во повеќе американски градови забележани се огромни врнежи на снег. Во Вашингтон Белата куќа е целата покриена со снег. Во Њујорк се затворени повеќе училишта.

Во Филаделфија затворени се сите канцеларии на градските управи, а во текот на неделава воведени се и дополнителни мерки на заштита за сите бездомници.

Американската сојузна држава Њу Џерси прогласила вонредна состојба. Тамошните служби велат дека очекуваат 10 сантиметри снег, а потоа и врнежи од дожд.

Откажани се повеќе од 2.200 летови ширум земјата. а околу 4.700 се одложени.

Scroll to Top