(Видео) Белграѓани со блех-музика и македонска песна против корона

Група музичари облечени како дедомразовци со блех-музика ги забавуваа случајните минувачи на најпознатата улица во Белград, Кнез Михалјова. Како и во Скопје, така и овде улиците и  главните плоштади се полни со луѓе кои ја уживаат предновогодишната еуфорија.

Покрај распеаните дедомразовци, имаше и бројни музичари кои придонесуваа за добра забава среде пандемија. Едната од нив ја изведе нашата позната песна „Македонско девојче“ на виолина. Во Белград има полукарантин, односно кафулињата и кафеаните работат до 17 часот, а продавниците до 21 часот. Но владата на Србија реши да ги почести за  викенд граѓаните на својата земја и кафулињата до понеделник ќе работат до 21 часот.

За потсетување, во Србија пред неколку дена започна вакцинацијата против коронавирусот и тоа за корисниците на домовите за стари лица, а вакцината најпрво ја примија претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, како и министерката за труд, вработување и социјални работи, Дарија Кисиќ-Тепавшевиќ и епидемиологот Предраг Кон, за да го охрабрат населението да го стори истото и да докажат дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Марија Прличкова 

Scroll to Top