(Видео) Бојана го победи ракот и заѕвони на победничкото ѕвонче

Да се победи секоја болест е најголемата радост за секого. Особено ако таа болест е карцином. Радосна вест за Бојана на својот фејсбук-профил ја сподели министерот Филипче. Бојана е едно од децата кои ја победија болеста и радосно заѕвони на победничкото ѕвонче.

„Една кротка убавица, покажа дека е лавица.  Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш сѐ што сакаш само посакај“, велат од Клиниката за детски болести.

„Бојана е едно од децата кои победија карцином. Ѝ посакувам секогаш да е насмеана, здрава, среќна. Благодарност до установата, која повторно ги враќа насмевките на нашите најмили и нивните родители“, напиша Филипче.

 

Scroll to Top