(Видео) Борис Џонсон одбил да се појави на телевизиска дебата, па на неговото место ставија ледена скулптура

Британскиот премиер Борис Џонсон одбил да се појави во телевизиска дебата на тема за климатските промени, па продуцентите одлучиле на неговото место да постават ледена скулптура. Во Британија почна предизборната кампања, па телевизијата „Канал 4“ ги покани сите партиски лидери на дебата.

Од партијата на Борис Џонсон, Конзервативната партија, понудиле на местото на премиерот да се појави министерот и негов заменик Мајкл Гов, но одговорните во „Канал 4“ го одбиле ваквиот предлог, објаснувајќи дека настанот е резервиран само за лидерите на политичките партии.

Конзервативците се пожалиле по што следела кавга меѓу уредникот на вестите и министерот Џејмс Клеверли. Ледената скулптура на местото на Џонсон не беше единствената. Уште една скулптура го замени Најџел Фараж, кој исто така не учествуваше на дебатата.

Сите лидери кои учествувале на дебатата, ветија дека ќе рабтат на намалување на емисијата на штетни гасови.

Scroll to Top