Кирен британската ѕвезда од серијата во која богатите деца се заменуваат со бездомници, која се емитува во Велика Британија решил да го искуси суровиот живот и да мине три дена на улиците во Лондон како бездомник. Кирен сакал да им докаже на сите дека бездомнците можат живеат многу поубаво, без разлика на тоа колку пари имаат.
Кирен, кој имал убава работа, прекрасна девојка, бебе, кој го живеел животот од сништата, кој ги возел најубавите автомобили, носел најскапата облека и часовници, имал лошо мислење за бездомниците, па решил да се облече како еден од нив и да помине три дена на лондонските улици.
Кирен вели дека бездомниците се мрзеливи и слаби, а не би требало да бидат.
„Мислам дека бездомниците можат многу повеќе да направат за себе. Тие се слаби и мрзеливи, а не би требало да бидат. Тие се веќе на дното и мораат да се обидуваат да се борат за себе“, изјавил Кирен пред да излезе да живее на улица.
„Мислам дека ќе поминам многу лесно. Ако успеам да се тргнам од улиците и да завршам во хотел, тоа ќе биде доказ дека бездомниците можат да го направат истото“, изјавил Кирен.
Кирен има во план да проси, се додека не собере пари за да купи чадори, кои ќе може да им ги препродава на туристите. Првиот ден пронашол прометно место и седнал да проси.
По еден час, заработил пет фунти, но тоа не било ни приближно доволно пари за да купи чадори. Тогаш признал дека се чувствува како да го продава своето тело и дека морал да ја проголта гордоста.
Кога не успеал да собере пари за хотел, Кирен морал првата ноќ да ја мине надвор на студеното време. Следното утро продолжил со својот план, да проси се додека не собере доволно пари за да купи чадори. Заработил малку пари и добил нешто за јадење. Откако заработил само седум фунти, одлучил да го напушти планот за чадори и да смисли нов.
Кирен се вратил на местото каде ја минал првата ноќ. Тогаш го запознал 32 годишниот Томи, кој завршил на улица откако раскинал со девојката.
„Гледав како избодеа четири луѓе во текот на една година“, му кажал Томи, еден од многуте бездомници кои пушеле спајс, дрога која создава зависност побрзо од хероинот.
Улиците во централен Лондон важат за сурово место, каде самоубиството, дрогата и алкохолот се причина за смртта во 50% од смртните случаи.
Таа ноќ Кирен за прв пат имал чувство на заедништво со оние кои се присилени да живеат на улица. Смислил план да проси заедно со Томи и да заработи доволно пари за да плати соба за нив двајцата. Следното утро, првата помисла на Киерен била како да дојде до уште спјас.
Кирен одлучил да продолжи сам, па пронашол хотел во кој двокреветна соба чини 25 фунти, а еднокреветна 60 фунти. Се обидел да се пријави во хотел, но тогаш наидел на нов проблем. Хотелската соба можеле да ја добијат само лица со лична карта. Кирен бил очаен да пронајде место каде ќе може да спие.
Тогаш рабодите дополнително се влошиле за него. Еден од комшиите бездомници кој го запознал ден претходно, го обвинил дека бил маскиран полицаец. Му се заканил дека ќе го прободе со нож, ако не му ја каже вистината.
Екипата на емисијата била принудена да му помогне на Кирен и да го тргне на безбедно.
„Улиците се немилосрдни, не постојат зборови колку се опасни. Видов нож. Не се чувствувам безбедно на улица, попрво би сакал да бидам во затвор“, изјавил Кирен.
Последната ноќ Кирен ја минал покрај црква. Кога дошло време да се врати дома, се што заработил од просењето го подарил на други бездомници. Кирен на крај вели дека научил важна лекција. Сега јавно упатил порака со молба, до секој кој може да им помогне на бездомниците, тоа да го направи колку може побрзо.