(Видео) Британски медицински сестри место заштитна опрема носеле кеси за ѓубре, сите се заразиле со „Ковид-19“

Три британски медицински се позитивни на коронавирус откако биле присилени да носат ќеси за ѓубре додека ги лечеле пациентите. Тие кесите ги носеле поради недостиг на заштитна опрема во болниците.

Минатиот месец персоналот во болницата Нортвик Парк во градот Харов, се фотографирани додека носат импровизирана заштитна опрема, поради недостиг на маски, оддела и ракавици.

На трите медицински сестри на фотографијата им е дијагностициран „Ковид-19“ минатата недела, објавил „Дејли Телеграф“. Извор од болницата изјавил дека повеќе од 50% од персоналот во само едно одделение заболел од вирусот. Изворот вели дека персоналот бил предупреден да не разгоара со медиумите, за недостатокот на опрема.

Минатиот месец една од сестрите на сликата изјавила дека потребна им била соодветна медицинска опрема, во спротивно медицинските сестри и лекари ќе умрат.

„Ги лечиме своите колеги на одделението откако го добија вирусот од пациентите. Како е можно да се доведеме до ваква ситуација? Тука има многу млади луѓе на респиратори, многумина од нив се со астма или дијабетис. Не можат да престанат да кашлаат, а ние не можеме многу да им помогнеме. Можеме само да им помогнеме полесно да дишат. Понекогаш телото прекинува со работа и тие наеднаш умраат. Не можеме да ги спасиме. Има премногу пациенти со „Ковид-19“ кои се животно загрозени“, изјавила таа.

Портпаролот на Универзитетот во Лондон за здравствена заштита Nort Nort Vest NHS Trast, кој ја води болницата, одговорил на ваквите напади.

„Можеме да потврдиме дека еден број на вработени кои работат е позитивен на коронавирусот. Ова се несреќни вести, но не се неочекувани. Во целиот свет здравствените работници се погодени од вирусот преку пациентите. Ја даваме целосната поддршка на оние од нашиот персонал кој не се чувствуваат добро и им посакуваме брзо опоравување“, изјавил тој.

Scroll to Top