(Видео) Британски министер на Тереза Меј истепа активистка

By

Државниот секретар во британското Министерство за надворешни работи Марк Филд, е суспендиран и го чека истрага поради тоа што брутално ја нападнал активистката на „Гринпис“.

Активистката протестирала поради климатските промени и го прекинувала говорот на британскиот министер за финансии Филип Хемонд.

„Британската премиерка кога ја виде снимката веднаш покрена акција“, изјавила портпаролката на Тереза Меј.

Претставникот на конзервативната партија Брендон Луис изјавил дека Филд во моментов се наоѓа под истрага откако е снимен како  тепа жената на манифестацијата во Меншн хаус.

Луис изјавил за ITV дека Филд тешко ќе може да се одбрани поради снименото видео, но објасни дека истрагата ќе ги опфати сите детали за тоа што навистина се случило на настанот.

Конзервативецот Питер Ботомил се ставил во одбрана на Филд, велејќи дека тој направил нешто, што секоја нормална емотивна личност би го направила, за време на исфрањето на демонстрантите.

Хемонд го продолжил својот говор и ја бранел политиката на владата за климатските промени.

 

Ќе ви се допадне