(Видео) Чаламџија со „бентли“ влета на скопскиот плоштад, па доби казна од 45 евра

На социјалните мрежи кружи видеоснимка на која се гледа како автомобил „бентли“ поминува среде поставените украси на плоштадот Македонија, каде што се движат граѓаните. Некои од нив почнуваат да бегаат. Министерството за внатрешни работи го пронашла Б. А. од Арачиново, кој со патничко возило „бентли“ се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани и за тоа добил казна од 45 евра.

Scroll to Top