Четири тигри во циркусот Орфеј му нанеле смртоносни повреди на својот тренер за време на пробата за претставата во јужна Италија. Тренерот подоцна им подлегнал на повредите.
Инцидентот се случил во Бари, во четвртокот. Еден од тигарите прво го нападнал тренерот Етореа Вебер, а потоа му се приклучиле и остантите три, пренесува „Би-Би-Си“.
Откако му нанеле тешки телесни повреди, тигрите продолжиле да си играат со неговото тело во кафезот, каде се одржувале пробите. На крајот интервенирал персоналот на циркусот и медицинските работници.
Сепак Вебер подоцна им подлегнал на повредите. Медиумите наведуваат дека Вебер важел за еден од најдобрите тренери на животни. Тој настрадал додека ги тренирал тигрите за претставата „Животински парк“, која се занимавала со прикажување на животните ширум светот.