На подвижните скали на ескалаторот во едно метро во Истанбул оддеднаш се создала дупка. Во тој момент на ескалаторот се наоѓале голем број луѓе. Среде метежот ескалаторот „проголтал“ еден човек, а службите дури по еден час успеале да го спасат.
Подвижните скали често знаат да бидат многу незгодни и да предизвикаат многу незгоди, па не е ни чудно што постарите луѓе ги избегнуваат.
Иако се многу практични и претставуваат вистински спас во трговските центри и прометните места, особено во поголемите градови, некогаш знаат да бидат вистинска опасност.