(Видео) Дали шмркаше кокаин, новинар го праша победникот на Евровизија: Скандал по финалето

Италијанскиот музичар Дaмијанo Дејвид, со групата „Манескин“, синоќа победи на Евровизија, но, вистински скандал настана на конференцијата за медииумите.

Откако во јавноста се појави видео на кое Дамијано изгледа како да користи кокаин, шведски новинар го праша дали тој се дрогира.

Одговорот на Дaмијанo бил дека не се доригира, а членовите од нгеовата група потоа демантираа дека тој не конзумирал опијати пред камерите. Тие им напишаа на фановите дека се против дрогата и дека се подготвени да се тестираат.

„Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да се тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и многу сме среќни за нашата победа на Евровизија и сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката. Рокенролот никогаш не умира. Ве сакаме“, стои во соопштението на групата „Манескин“.

Scroll to Top