Децата на сирискиот претседател Башар ал Асад престојуват веќе некое време во меѓународниот детски камп Арек на Крим, но немаат никакви привилегии, изјавил денеска директорот на кампот Алексеј Каспржак.
Вработените во Арект не добиле однапред известување за посетата на децата на Асад, но и кога нивниот идентитет бил откриен, не им биле дадени никакви привилегии, пренесува агенцијата Тас.
„Во Артек доаѓале многу деца чии родители се на високи функции и кои не се занимавале со обични дејности. За тие деца нема специјален третман“, вели директорот Каспржак.
Пратеникот од руската Дума, Дмитриј Саблјин изјавил претходно пред новинарите, дека децата на Асад во 2017 година биле на распуст во Артек, за подобро да ја запознаат Русија.