(Видео) Девојче остана живо по пад од 26 кат

Девојче од Кина останало живо откако случајно паднало од прозор од 26 кат. Девојчето како што пренесуваат медиумите останало само во својот дом, а тендот кој се наоѓал над гаражата го ублажила нејзиниот пад од зградата.

На снимките кои ги објавиле кинеските медиуми, се забележува како девојчето по силниот пад станува и си заминува.

Инцидент се случил во населбата во југозападната општина Чонгквинг. Според тамошните медиуми, родителите го оставиле девојчето само во станот. Откако се разбудило, сакајќи да излезе надвор, тоа паднало од 26 кат.

Очевидците велат дека детето го однеле во болница, каде е утврдено дека има фрактура на десната рака. Девојчето се здобило со скршеници и е хоспитализирано, но лекарите велат дека е надвор од животна опасност.

 

Scroll to Top