(Видео) Девојче во последен момент спасено да не заврши под возот

На железничката станица во Мумбај, Индија, била избегната голема трагедија. Петгодишно девојче за малку ќе завршело на шините кога ја испуштила раката на својата мајка додека влегувале со татко ѝ во возот. За среќа, прибраноста на еден од патниците што го чекал следниот воз довело оваа приказна да има среќен крај.

Сашин Пол се нашол на вистинско место во вистинско време. Родителите на девојчето се качиле на возот, но во моментот кога требало и самата да се качи, таа ја пуштила раката на мајка си и за малку ќе завршела под возот.

Пол во дел од секундата успеал да го извлече детето настрана спречувајќи голема трагедија. И двајцата добиле модринки, но веднаш потоа им била укажана прва помош во амбулантата на самата станица.

По посетата на храмот „Хаџи Али“, девојчето со родителите се враќало во Биванда, местото каде што живееле.

Таткото на девојчето, Мохамед, изјавил дека неговата сопруга досега не била во Мумбај и дека не знае колку се брзи возовите во тој град.

„И самиот одев напред, а таа за рака ја држеше нашата ќерка. Возот уште стоеше на станицата кога почнавме да се качуваме, но во еден момент тргна и почна да забрзува. Засекогаш ќе му бидам благодарен на човекот што го спаси животот на мојата ќерка“, изјавил таткото на девојчето.

Scroll to Top