(Видео) Додека Кубанците гладуваат внукот на Фидел Кастро плива во богатство

By

Внукот на Фидел Кастро добил еден куп негативни коментари на социјалните мрежи, откако споделил фотографии на кои се фали со семејното богатство.

Различни медиуми од Флорида кои ја покриваат кубанската заедница, успеале да пронајдат фотографија од Тони Кастро, неколку дена пред прославата и одбележувањето на шеесте години од Кубанската револуција.

Револуцијата ја предводел неговиот дедо Фидел кој подоцна владеел пет децении, пред да почине во 2016 година. Животот на блиските членови на семејството на поранешниот кубански лидер отсекогаш бил непознат и го држел во голема тајна поради големиот број шпиони.

Тони Кастро кој е сега во своите дваесети години, има намера да ја задржи поголемиот дел од мистериозноста и покрај тоа што е активен на социјалната мрежа Инстаграм.

Сепак, „Мајами хералд“ со уште две медиумски организации стигнаа до некои фотографии, кои денес се видливи само за следбениците на Тони на социјалните мрежи. На островот каде владее недостиг на леб, јајца и други основни животни намирници, (предмет на дебата во која моменталниот режим ја обвинува владата на САД, поради воведеното ембарго), Тони Кастро се фали со својот вкус за фини пијалоци и добра храна.

Фотографиите се направени за време на роденденската прослава на неговиот вујко. Тони ги споделил овие фотографии додека се забавувал во Хавана. Покрај него била и неговата мајка, а се фотографирал и со својот автомобил марка BMW. Патувањето низ светот и неговото документирање е на врвот на желби на неговата листа.

На едно од неговите патувања, Тони го посетил градот Мадрид во Шпанија, неколку дена пред почетокот на Новата година. Во јули 2018 година, момчето кое покажало афинитет кон светот на модата, повторно е фотографиран во Шпанија, овој пат во Барселона додека ја разгледувал црквата Саграда Фамилија, познатиот симбол на Барселона, односно познатата незавршена католичка црква.

Но, Мексико веројатно била неговата омилена дестинација минатата година. Тони Кастро во март со негова познаничка ја посетил туристичката атракција Isla del Carmen. Потоа наредниот месец се вратил да го објави својот драмски приказ од храмот на Маите во позадина.

Поради ова голем број на корисници на социјалните мрежи, особено на Твитер, го нападнаа со негативни коментари. Еден твитерџија истакнал дека сегашниот претседател на Куба, Мигел Дијаз Канел се однесува како манекен, а во исто време Кубанците патат од репресија, глад, лаги, понижувања и беда.

„Кој плаќа за овој луксуз и комфор за Тони Кастро?“, јавно праша твитерџијата.

„Верувам дека на напатениот кубански народ ова многу му се допаѓа“, напишал друг корисник на Твитер.

„Сите животни се еднакви, само некои се поеднакви од другите“, напиал новинарот од „Мајами хералд“, Педро Перез на Фејсбук, користејќи го цитатот на Џорџ Орвел од книгата „Животинска фарма“.

Оваа сатира на сметка на сталинизмот, која ја осудува тоталитарната пракса и го претставува Сталин како предавник на Октомвриската револуција, е забранета на Куба.

„Внукот на Фидел Кастро објавува фотографии кои не се од историско значење, но се одраз на луксузот кој го има. Од друга страна народот е заглавен во робовладетелство и глад“, напишала Јустиција Дивина, корисничка на Твитер.

Ќе ви се допадне