Докторката Тереза Грин од Флорида, која секојдневно се бори на првата линија против пандемијата со коронавирусот, го изгубила старателството над ќерката која има само четири години.
Грин, која е негативна на „Ковид-19“, вели дека по оваа одлука на судот, таа сега е соочена со суровиот избор меѓу работата и итната служба и тоа да може да си го види детето.
Нејзиниот поранешен сопруг ја искористил пандемијата на коронавирусот и побарал старателство над девојчето, со образложение дека е загрозено од коронавирусот, поради работата со која се занимава нејзината мајка.
Судијата Бернард Шапиро донел одлука дека девојчето треба да заврши кај таткото додека трае епидемијата, затоа што тоа е во нејзин најдобар интерес.
„Се чувствувам дека судот ме направи поголем стрес отколку коронавирусот, со кој секојдневно се борам“, изјавила Гринова и оценила дека оваа одлука на судот е дискриминирачка.
Таа вели дека е шокирана од ставот на судијата кој не водел сметка дека неговата одлука ќе влијае на психата на детето. Американската лекарска асоцијација навела дека секој родител кој работи во болница во време на