На патниот правец од Дебар кон Маврово се отвори кратер длабок над 20 метри. Поради големата дупка на патот, сообраќајот на патот од Дебар кон Маврово, кај селото Долно Косоврасти и делницата од Дебар кон Жировница, се одвива наизменично по оспособената девијација.
„Кратерот, односно пропаднатата дупка, ја забележа нашата екипа во 2.30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа што беше на 16 октомври. Таа е со длабочина над 20 и широчина од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот со материјал – песок“, рече Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта.