(Видео) Две бебиња се извлечени од урнатините во опустошен град во Кентаки

Спасени се две бебиња од урнатините во американската сојузна држава Кентаки која беше погодена од смртоносно торнадо, објавија спасувачките служби во САД.

Бабата ги ставила децата во када за да ги заштити од торнадата, но силниот ветер ја издувал кадата во градината. Спасувачите подоцна ги пронашле бебињата во кадата, меѓу урнатините во градината, кои не претрпеле сериозни повреди. По што веднаш биле пренесени во болница.

Странскиот портал Телеграф објави и видео од моментот на своите социјални мрежи.

Во торнадата што го опустошија Кентаки минатата недела загинаа најмалку 76 луѓе.

Scroll to Top