(ВИДЕО) Еве што ќе се случи со PES 2018, кога Нејмар ќе ја напушти Барса!

By

По пет години играње за Барселона, Немјар се поздрави со играчите и тргна кон францускиот ПСЖ. Но, со заминувањето од Камп Ноу, создаде проблеми на маркетиншкиот тим на една од најпознатите игри на светот, PES-2018.

Фудбалскиот клуб Барселона и издавач на играта Конами, минатата година направија спонзорски договор на три сезони, а дел од спонзорството е и посебно издавање на играта, која ќе излезе со стандардната верзија за Европа. Тоа е причината зошто ѕвездата на Барселона се наоѓа на насловната игра за 2018 година.

 

PES 2018 излегва во септември, но тоа издание малку ќе се помести. Издавачот на играта го стави Нејмар на насловната страна и сега ќе мора да одлучи со кој играч ќе го замени.

Најизгледен избор би бил Лионел Меси кој на големо изненадување за многумина, никогаш не бил лицето на насловната на посебното издание на оваа игра. Уште една опција би можел да биде Луис Суарез, ако Конами не се одлучи за Меси.

Конами во играта ќе мора да го облече Нејмар во дресот на ПСЖ.

 

Ќе ви се допадне