(Видео) Германски министер падна по скали и се онесвести

Министерот за економија на Германија Питер Алтмајер паднал од бината и се онесвестил за време на самит во Дортмунд. Алтмајер ги промашил скалите додека се симнувал од бината и паднал директно на лице. По падот за кратко останал без свест, пишуваат германските медиуми.

Организаторите по незгодата ја испразниле салата, а била повикана и итна помош. По прегледот Алтмајер бил префрлен во болница. Самитот продолжил без министерот. Планираната конференција за новинари на која требало да учествува и министерот била откажана.

Scroll to Top