(ВИДЕО) Ги пикнал нозете во морето, а кога ги извадил целите биле крвави

Експертите тврдат дека ваквите случаи се многу ретки и дека нема причина за паника.

Австралискиот тинејџер Сем Кенизеј (16) само посакал да се одмори по фудбалот и да ги намокри нозете во морето на плажа во Брајтон. Кога половина час подоцна излегол од вода, од неговите нозе почнала да тече крв во големи количини, пренесува „Њујорк тајмс“.

Докторите и научниците биле запрепастени од неговите рани, и со фактот дека ништо не приметил. Водечката теорија вели дека е во прашање група морски членконоги – кои обично паразитски се хранат со рибите, најчесто оние мртвите.

Но, кога ќе каснат човек, обично оставаат траги од типот на осипи, што воопшто не е случај со Сем.

Таткото на Сем изјави дека тој пристигнал дома со „повреда која личела како да ја добил во војна“, и дека крварењето од ногата не престанало. Џерод решил да испита за што станува збор, па ставил парче месо во водата каде неговиот син е нападнат. Објавил видео на кое се гледа како стотина мали морски суштества се хранат со местото. Прашањето е сепак, дали суштествата од снимката го искасале момчето.

Алистер Пур, професор од Универзитетот во Нов Јужен Велс вели дека на снимката не се морски членконоги туку водоземци „amfipode“, за кои не е познато дали напаѓаат луѓе.

„Може да привлечете многу животни во морето со помош на сурово месо. Интересна е снимката, но тоа не е доказ дека тие ги изеле неговите нозе“, изјави тој.

Тој смета дека причината поради што морските членконоги, или некои слични суштества го нападнале Сем во толкав број, е тоа што во таа област веројатно имало многу мртви риби, па затоа ги имало во голем број.

Експертите тврдат дека таквите случаи се многу ретки и дека нема причина за паника.

 

Scroll to Top