Неколку мечки раскопале многубројни гробни места на гробиштата во Камчатка, на далечниот исток во Русија. Одговорните за чување на гробиштата велат дека, најверојатно, животните биле во потрага по храна, пренесува агенцијата „Интерфакс“.
„Обично ова време мечките ловат риба, но оваа година во блиската река нема риби“, вели еден од службениците на гробиштата.
„Луѓето оставаат храна на гробиштата во чест на починатите. Веројатно мирисот на храната ги привлекло мечките“, дополнил тој.
ЕДНА МЕЧКА Е УБИЕНА
Седум гроба биле раскопани до ковчегот, а крстовите биле скршени на гробиштата на градот Јелизова, се наведува во извештајот.
Една од мечките, за која се верува дека била меѓу сторителите на вандализмот, е уловена и убиена.