(ВИДЕО)Го спасил својот помал брат од давње по сеќавање на фимска сцена  

Десетгодишно момче од местото Роузвил во Мичиген го спасил својот двегодишен брат од давење. Тоа го сторил, , благодарение на холивудскиот актер Двејн Џонсон познат како „Карпата“ .

Малиот Џејкоб О’Конор за „Еј-би-си њуз“ изјавил дека неговиот двегодишен брат, Дилан, го пронашол во базенот на нивната баба, како лежи на стомак, со лицето свртено кон водата.

Во тие моменти, Џејкоб се присетил на сцена од филмот „Сан Андреас“, во која Џонсон ја оживува неговата ќерка, а ова му помогнало да постапи и реагира на правилен начин. Имено, со помош на компресија на градите, десетгодишникот успеал да го врати во живот својот помал брат.

Scroll to Top