(Видео) Горилата на Путин, за време на парадата турнаа стар руски генерал

Телохранителите на рускиот претседател Владимир Путин на воената парада по повод Денот на победата над фашизмот, турнаа ветеран кој одел паралелно со Путин. Рускиот лидер тоа го забележал, па веднаш му се доближил и се ракувал со него. Го повикал да се прошетаат заедно, а се испоставило дека се стари познаници. Овој воен херој за Раша Тудеј ги раскажал своите искуства од Втората светска војна.

Пензионираниот генерал Дмитриј Сиркашев (94) изјавил за Раша Тудеј дека е повикан во војската кога имал 17 години. Откако ја завршил воената обука од шест месеци, веднаш бил упатен на воено поле.

Првата голема операција во која учествувал била Смоленската битка во 1943 година, кога во стратешката офанзива на Црвената армија, почнало со ослободување на регионот Соленск и Брајнск во западна Русија.

 

Советите се соочиле со жесток отпор на нацистичките трупи кои успеале да се распоредат во регионот. Сепак на крајот на вложениот напор, неколку големи градови биле ослободени.

Сиркашев, кој во тоа време бил обичен војник, бил меѓу војниците кои го ослободиле Смоленкс. Добил медаља за храброст за своите акции во таа операција.

Подоцна учествувал во летната офанзива во 1944 година во Белорусија, за време на операцијата Багратион. Дмитриј оваа операција ја опишал како една од најтешките битки.

„Беше тоа тешка борба, таму бев ранет. Куршумот ме погоди во грб и ми мина покрај кичмата. Бев во болница, а на фронтот се сретнав по само три месеци“, изјавил Дмитриј за Раша Тудеј.

Тој потоа учествувал во ослободувањето на градот Минск, а после тоа во ослободувањето на балтичките држави. Во некои моменти на крајот на Втората светска војна тој бил унапреден со чин на втор поручник, а подоцна учествувал во советскиот напад на градот Конигсберт (по војната е преименуван во Калинград).

Повторно е ранет во битка, но останал на военото поле. По завршувањето на војната во Европа, неговата единица била пренесена на Далечниот исток, каде морале да се борат против Јапонија месец дена.

Но, борните таму не биле толку интезивни, признал Дмитриј. По војната останал во Советската армија и на крајот бил унапреден во чин на галвен генерал.

Дмитриј Сиркашев е стар познаник на Путин, затоа што со претседателот разговарал во текот на претходните прослави на Денот на победата.

Сепак оваа година не можел лесно да се пробие да стигне до претседателот, затоа што телохранителите на Путин, го турнале на страна. Целиот инцидент бил забележан на снимката. Но, Дмитриј вели дека не било ништо страшно.

„Претседателот беше таму, а го чуваа двајца телохранители. Одев пред него. Претседателот ме познава, затоа што се сретнавме и претходно. Ми даде знак да дојдам до него. Телохранителот ме оттурна и не ми дозволи да му се доближам. Но, претседателот тоа не го дозволи. Повеќе не ме допираа, затоа што сватија дека претседателот ме познава“, изјавил овој воен херој. Путин и ветеранот потоа заедно се прошетале.

 

 

 

„Претседателот ме праша за моето здравје“, изјави Дмитриј.

Путин го испратил Сиркашев во Александровата градина, каде рускиот лидер положил венец на гробот на непознат јунак во друштво на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Израел Бенџамин Нетанијаху.

 

Scroll to Top