(Видео) Холандија ја има најголемата гаража за велосипеди

Во Холандија е изградена најголемата гаража за велосипеди. Во оваа земја живеат 17 милиони луѓе и има 23 милиони велосипеди. Во просек, секоја личност во оваа земја, секој ден вози велосипед околу 18 минути.

Градот Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во Холандија, а можеби и во светот. Првиот дел од проектот на паркот е реализиран пред две години, кога е отворен дел за 7500 велосипеди. Потоа е отворен вториот дел, а сега и има и трет.

Се работи за паркинг на три ката, кој работи 24 часа дневно. Има метални носачи на катот на кој сакате да го заклучите вашиот велосипед.

Холандија е најголемиот купувач на електрични велосипеди. Возењето на велосипед тука значително е позастапено, од било каде на друго место во светот.

Scroll to Top