Еден од патниците кои настрадаа при падот на авионот на индонезиската компанија „Лајонер“, лет во кој животот го изгубија 189 патници, ѝ испратил на својата сопруга селфи недолго пред да се случи несреќата.
Дерил Фида Гербијанто сликата ја испратил во 6:01 часот по локално време, недолго пред авионот што тргнал од Џакарта да падне во море.
На сликата момчето носи хируршка маска, а сликата ѝ ја испратил на сопругата Луфтиани Ека Путри со која се венчал две недели претходно, а со која требало да се состане за да заминат на крстарење.
Според нејзините зборови, тој испраќал пораки до 6:12 часот, а во 6:15 престанал да одговара на нејзините пораки.
Ова е најстрашната авионска несреќа во Индонезија откако авионот Er Ejžije патувајќи од Сурабија кон Сингапур се срушил во морето во декември 2014 година. Во несреќата настрадаа 162 лица, колку што ги имало во леталото.
„Лајонер“ е една од најмладите и најголеми авиокомпании во Индонезија.